Соопштение за медиуми
English2012/2501/ECA Контакт: Денис Бошковски - 02/3117 159 dboshkovski@worldbank.org Вашингтон, 25 јануари 2012 год.- Групацијата Светска банка денес објави дека во следните две години ќе стави на располагање 27 милијарди долари финансиски средства за земјите во развој во Европа и централна Азија (ЕЦА) погодени од кризата во Еврозоната. “Иако најголемо внимание во светот е насочено кон ефектите од кризата во Еврозоната на најголемите економии во западна Европа, кризата има значајно негативни ефекти на луѓето во земјите во развој во Европа и централна Азија, особено во најсиромашните земји на централна и југоисточна Европа“ рече претседателот на Светска банка Роберт Б. Зелик. “Групацијата Светска банка ги зголемува финансиските средства достапни за тој регион, така што земјите на кои им е потребно можат да се потпрат на тие ресурси за да ја премостат кризата“. Должничката криза во Еврозоната влијае на регионот на Европа и централна Азија преку три канали – финансии, трговија и дознаки од странство – а значењето на секој од овие три канали зависи од индивидуалните карактеристики на земјите. “Поради блиските врски со Еврозоната, земјите на централна и југоисточна Европа најверојатно ќе се соочат со пад на економските активности во 2012 година“, рече Филип Луру, потпреседател на Светска банка за земјите во развој во Европа и централна Азија. “Дополнителната поддршка од Светска банка ќе помогне на земјите да го одржат макро-фискална рамка, да ги продолжат неопходните структурни реформи, обезбедат кредитен прилив на мали и средни претрпијатија и помогнат на најзагрозените слоеви на население преку јакнење на системот на социјална заштита“. Реакцијата на Групацијата Светска банка во регионот на Европа и централна Азија ќе се фокусира на: (i) структурни реформи и поддршка на приватниот сектор за да се одржи растот на инвестициите, приходите и работните места; (ii) советодавна и финансиска поддршка за земјите со осетливи банкарски системи и (iii) заштита за најзагрозените преку јакнење на системот за социјална заштита. Светска банка – Меѓународна банка за обнова и развој (IBRD) и Меѓународната Развојна Асоцијација (IDA) можат да го зголемат кредитирањето во регионот на Европа и централна Азија на околу 16 милијарди долари во фискалните 2012-2013 година, што претставува зголемување од 4 милиарди долари во текот на две години во однос на кредитирањето од минатите години. Ова зголемување на кредитирањето и советодавната работа ќе биде поврзано со среднорочни реформи со цел подобрување на конкуретноста, адекватни и одржливи напори во правец на фискална консолидација, итна поддршка за да се избегнат банкарски кризи (вклучувајќи кредитни линии за трговија и мали и средни претпријатија) и реформи во системот на социјална заштита за да се подобрат опфатноста, економичноста и одржливоста. Инвестициската и советодавна програма на Меѓународната финансиска корпорација (IFC) во фискалните години 2012-2013 би можела да достигне 10 милијарди долари пласман, вклучувајќи ја и мобилизацијата. Тоа би вклучило и зголемено вложување за сопствената сметка на IFC од скоро 2 милијарди долари во однос на актуелното ниво. Реакцијата на IFC е последица на важноста на системските банки во регионот на Европа и централна Азија и ќе опфати: производи за краткорочно финансирање и трговија со цел решавање на итните проблеми со ликвидноста, mezzanine инвестиции и инвестиции во капитал за да се покрие недостатокот од капитал, поинтензивно финансирање на малите и средни претпријатија за да се пополнат празнините во расположливите средства за финансирање, како и поддршка за клиентите од реалниот сектор. Производите на Мултилатералната агенција за гаранција на инвестициите (MIGA) за осигурување од политички ризик помагаат на банките во регионот да го одржат финансирањето на своите подружници во Европа и централна Азија. MIGA планира да го зголеми својот ангажман во регионот за милијарда долари во следните две години за да се поддржи економскиот раст.
Паралелно, Групацијата Светска банка воспоставува партнерства и со други мултилатерални развојни банки за да ги поттикне западноевропските банки да останат во источна Европа и да не ги повлекуваат финансиските средства од регионот. Претставниците на Групацијата Светска банка се сретнаа во Виена на 16 јануари со други функционери од јавниот сектор во рамките на „Виенската“ иницијатива за координација на европските банки со цел да се подобри координацијата на националните политики кои може да влијаат на економијата на европските земји во развој. На тој состанок било договорено дека меѓународните институции ќе го проценат влијанието на вкупните планови за докапитализација на банките на земјите домаќини за да се идентификуваат системските ризици и совети во поглед на тие акции. Исто така, се договориле дека ќе бидат подготвени да пружат екстерна помош и финансиска поддршка на банките во земјите домаќини во рамките на својот мандат и билансните можности. Се обрзале на блиска соработка заради постигнување на максимален ефект. За повеќе информации, посетете ја: www.worldbank.org/eca Посетете не на Facebook: http://www.facebook.com/worldbank
|