Click here for search results

Зелен развој

 

   Македонската аналитичка и советодавна програма за зелениот раст и климатските промени започна во 2011 година, со финансиска поддршка од Светската банка и владите на Норвешка и Шведска. Програмата е изградена врз основа на Македонската национална стратегија за одржлив развој (официјално усвоена во 2010 година) и заложбата за пристап кон Европската унија. Фокус на програмата е креаирање работни места, сеопфатен развој, адаптација кон климатските промени, ублажување на емисијата на стакленички гасови и реформски политики и јавни инвестиции. Програмата за зелен развој е  обид за заштита, кој вклучува студи, анализи, техничка помош и тренинг. За да дознаете повеќе  околу поединечните сектори вклучени во Програмата, видете го секторското мени  најдолу од страната.

   Претставници на Светска банка присуствуваа на четвртиот состанок на Националниот совет за одржлив развој (НСОР) кој се одржа на 12 ноември, 2012 година.  Тимот го извести претседтелот на Советот, заменик претседателот на владата за економски прашања, господинот Владимир Пешевски, како и членовите на Советот, за досегашниот напредок на Програмата за зелен развој. Пред состанокот, до владата беа доставени кратки и поопширни резимеа за техничката анализа во секој од секторите.
 

  

Состанокот на Советот, кој се одржа во просториите на Владата, беше отворен од страна на заменик претседателот на владата, господинот Владимир Пешевски. Џејн Арметиџ, директор за земјата, имаше, исто така, воведно излагање, по кое лидерот на проектот, д-р Ерика Јоргенсен 

ги презентираше анализите и препораките за секој од секторите. Бидејќи аналитичкиот дел од Програмата е завршен, тимот на Светска банка побара насоки на владините параметри за следните чекори, т.е. техничка помош и формулирање акциски план за имплементација на стратегијата за зелен развој во Македонија.  

   По состанокот на НСОР следеше конференција за медиумите и за настанот се известуваше во повеќе национални медиуми (Македонска телевизија, Сител телевизија, 24 вести, Утрински весник, итн).

  Со цел да се продолжи со активностите за подигање на свеста, тимот на Светска банка ја користи секоја можност да се вклучи во расправите поврзани со темата во јавноста. На 13 ноември, 2012 година, лидерот на програмата на Светска банка го посети Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде на предавање ја презентираше програмата и се поврза со идните лидери на земјата.

 


На 14 ноември, 2012 година, Светската банка организираше настан во просториите на Инфо центарот при Делегацијата на Европската комисија во Скопје, со цел презентирање на резултатите од Програмата на пошироката публика – владини агенции, меѓународната заедница, академијата, невладините организации.

  
  Публиката ги следеше презентациите на Анита Коџоман од УНДП, Џозеф Лесард – претставникот од УСАИД, Даринка Јантинска од Министерството за животна средина и просторно планирање  и Ерика Јоргенсен, лидерот на Програмата (на фотографијата од лево кон десно).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   По презентациите следеше дискусија и прашања.

Билјана Џартовска, преставник од СИДА, дебатира со говорниците

   Лидерот на Програмата, Ерика Јоргенсен одговараше на новинарски прашања.

Настанот започна со доделување на наградите од Конкурсот за фотографија, објавен како дел од комуникациските и активностите за подигнување на свесноста за Програмата за зелен развој. Илијанчо Гаговски,  претседател на Ротари клуб Камен мост Скопје,
  кои беа спонзори на Конкурсот, ги додели наградите и сертификатите на авторите на трите наградени фотографии од Конкурсот, како и на авторите на уште седум прекрасни фотографии.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   За да ја погледнете галеријата од селектираните фотографии, преземете ја презентацијата тука.

   Инфо центарот при Делегацијата на Европската комисија беше домаќин на фотографиите финалисти  и изложбата беше отворена за јавноста до 23 ноември 2012 година.

Вода 

Енергија 

Agricultureandclimatechange

Земјоделство 

  

Урбани прашања 

 

 

 

 

 

Air pollution

Загадување на воздухот 

  

Транспорт

 

  

Социјалните димензии на зелениот раст 

Макроекономска анализа и моделирање 

       English 

 

Преглед на програмата

Настани кои ја обележаа првата година од програмата 

Почетен семинар во март 2011 година  

Факти за програмата 

Зелен развој: прашања и одговори

Корисни линкови и ресурси 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Воведник

Одржливи градови во Македонија:Како вашиот град да биде подобро место за живеење 

Позелено Скопје со почист воздух?

Светот озеленува, и Македонија треба тоа да го стори исто така-Е.Јоргенсен

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Конкурси

Победници на Конкурсот за фотографија 

Победници од Конкурсот за есеј

Видео интервју со наградените 

 

 

 

 

 

 

 

Да дознаете повеќе за климатските промени во Европа и Централна Азија, посетете ја веб-страната website 

Платформа на знаење за Зелениот развој

 

 

 

  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 




Permanent URL for this page: http://go.worldbank.org/K3JRNWPNX0